• сабота, 23 ноември 2024

СДСМ досега инсталираше 450 мегавати енергија од обновливи извори

СДСМ досега инсталираше 450 мегавати енергија од обновливи извори

Скопје, 1 октомври 2023 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Енергетската транзиција е реалност, владините политики креирани и предводени од СДСМ, даваат резултати.

Ел дорадото на инвестиции во енергетските проекти од обновливи извори нотираа нова инвестиција од 55 мегавати фотоволтаична централа, близу Новаци. Ова не е најава, овој проект е реалност и е реализиран.

Ова е клучната разлика што Сдсм во пракса знае и ги спорведува енергетските политики за пониски сметки на граѓаните, додека ДПМНЕ само теоретизира.

Фотоволтаиците се низ цела земја, секој може да ги види. За 20 месеци инсталирани се 450 мегавати од обновливи избори на енергија. Капацитет доволен да ги обезбеди потребите на над 135.000 домаќинства.

Ова е резултата на енергетските политики што ги креира и рализира владата предводена од СДСМ. До крајот на годината ќе бидат инсталирани и ставени во мрежа околу 600 мегавати од обновливи извори на енергија, што е повеќе од капацитетот на цел РЕК Битола.

Создаваме чиста енергија од нашето македонско сонце, а со тоа ја заштитуваме и животната средина.За нештата да станат појасни, ДПМНЕ до 2016 година инсталираше само 18 мега вати. Неспоредливо.


Со инвестициите во енергетиката, новите проекти го зголемуваат домашното производство на енергија, се намалува увозот и ја зголемуваме енергетска независност на земјата. Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, а многу проекти се во тек на реализација.

Следува изградба на најголемиот агриволтаичен парк „Стипион“ од француска компанија со капацитет од 400 MW, најголемиот ветерен парк Вирови, од исто така 400 MW од германска компанија како и нова когенеративна електрана на природен гас.

Овие проекти заедно со огромниот број на фотонапонски централи кои секојдневно се градат, ќе ни овозможат енергетски премин на среден и долг рок. 

Ова е огромен успех и сериозен резултат на СДСМ кој покажува дека со стратешки пристап, посветеност и работа имаме цел да станеме лидер во зелената трансформација и да го искоритсиме сонцето за пониски сметки за граѓаните!

 Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан