СДСМ го осудува нападот на новинарите од ТВ 24
- СООПШТЕНИЕ - СДСМ го осудува нападот на новинарската екипа на ТВ 24 кој се случил за време на вчерашниот партиски митинг на ДПМНЕ.

Скопје, 5 април 2024
СДСМ го осудува нападот на новинарската екипа на ТВ 24 кој се случил за време на вчерашниот партиски митинг на ДПМНЕ. Тоа е недозволиво.
За жал, нема никаква промена во ДПМНЕ. Нападите на новинарите и злоупотребите на медиумите го покажуваат вистинското лице на Мицкоски и неговата партија.
Слободата на говорот за нив е мисловна именка.
Напаѓаат и навредуваат новинари, монтираат анкети, јавниот сервис го користат како месен комитет на партијата - однесување препознатливо за мрачните времиња од владеењето на Груевски.
Мицкоски секојдневно докажува дека е копија на неговиот ментор од Будимпешта.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.