• вторник, 24 декември 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја научи процедурата, пратеничката група на СДСМ ќе постапи државнички

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја научи процедурата, пратеничката група на СДСМ ќе постапи државнички
Скопје, 11 септември 2022
Пред да обвинува, ВМРО - ДПМНЕ да ја научи процедурата.
Иницијативата не е стигната пред пратениците и оттука ваквите обвинувања се паушални, односно тенденциозни со цел ВМРО - ДПМНЕ гласно да не го каже она што го знае, дека референдумот против ЕУ нема да успее.
Ова покажува дека всушност единствената цел на ВМРО - ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е преку барањето за референдум да ја спасува својата фотелја и токму затоа секојдневно ја злоупотребува темата со паушални и неосновани обвинувања.
Пратеничката група на СДСМ како и секогаш во изминатите години ќе постапи државнички, а ставот ќе го соопшти откако иницијативата ќе се најде пред пратениците.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан