• среда, 27 ноември 2024

СВР Штип со апел до граѓаните по повод празниците

СВР Штип со апел до граѓаните по повод празниците

Штип, 13 април 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Штип денеска упати до граѓаните по повод Велигденските празници. Портпаролката на СВР-Штип, Гордана Панајотова рече дека апелот е со цел обезбедување поволна безбедносна состојба во областа на криминалитетот, јавниот ред и мир и безбедноста на сообраќајот на патиштата.

-Пред да ги напуштат своите домови да ги преземат сите неопходни мерки за заштита од кражби, односно да ги заклучат влезните врати, вратите од терасите, балконите, гаражите и подрумите. СВР Штип укажува на граѓаните со своето однесување да не го нарушат јавниот ред и мир, да се воздржат од прекумерна употреба на алкохол, да не управуваат возила под дејство на алкохол, да ја прилагодат брзината на движење кон состојбата и условите на патиштата, бидејќи тие се  најчести причини за сообраќајни несреќи со потешки последици, вели Панајотова.

Посочи дека засилените акциски контроли продолжуваат и за време на празничните денови.

- Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Притоа, ги известуваме граѓаните дека доколку имаат потреба да пријават одреден безбедносен настан тоа можат да го сторат со повикување на бесплатните телефонски броеви 192 и 112, додаде Панајотова. вдј/дма/

Фото: МИА  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан