• вторник, 17 декември 2024

СВР Тетово: Расчистен физички напад врз новинар 

СВР Тетово: Расчистен физички напад врз новинар 
Тетово, 3 ноември 2022 (МИА) - Тетовската полиција информира дека ќе бидат поднесени поднесоци за две лица вработени во средно училиште кои се пријавени од новинар за физички напад. Двајцата пријавени биле повикани на 1 и 2 ноември во полициската станица Тетово за службен разговор. - На 01.11 и 02.11.2022 во Полициската станица Тетово бил извршен службен разговор со Џ.С.(47) од тетовска Мала Речица и Н.Т.(46) од тетовско Селце поради сомнение дека на 31.10.2022 околу 13.00 часот во средно училиште во Тетово, Џ.С. му го одзел мобилниот телефон на новинарот Н.А.(24) од гостиварско Калиште, кој извршувал професионални задачи, по што се обидел и физички да го нападне, додека Н.Т. со физичка сила го отстранил од објектот, се вели во информацијата на СВР Тетово. ас/цр    

Остани поврзан