• вторник, 24 декември 2024

СВР Струмица продолжува со преземање на мерки за санкционирање на недисциплинираните возачи

СВР Струмица продолжува со преземање на мерки за санкционирање на недисциплинираните возачи

Струмица, 28 номеври 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Струмица ги известува сите учесници во сообраќај на подрачјето на Струмица дека во следниот период ќе продолжи со преземање на засилени мерки и активности со цел санкционирање на возачите и останатите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, соопштија денеска од овој сектор на МВР.

-Посебен акцент ќе се даде на непрописното паркирање на возилата на тротоарите на градот Струмица, со што се оневозможува безбедно движење на пешачите (посебно стари лица и деца) по истите, се наведува во соопштението.

Од СВР Струмица апелираат до возачите превозните средства кои ги управуваат да ги паркираат на обележани паркинг места, почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација, а се со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. Во спротивно, за непочитување на истото ќе се преземаат законски мерки и возачите ќе бидат санкционирани согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. рт/сст/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан