СВР Струмица го одбележа Денот на полицијата со изложба на поетски творби и цртежи од ученици
- Секторот за внатрешни работи Струмица (СВР) го одбележа Денот на полицијата 7 Мај со изложба на поетски творби и цртежи од ученици на тема „Хероите носат униформа-но и срце“, кој го распиша Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ од Струмица. На конкурсот пристигнале 66 литаратурни творби и 78 цртежи и илустрации, а најдобрите беа прочитани на настанот.
Струмица, 7 мај 2025 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Струмица (СВР) го одбележа Денот на полицијата 7 Мај со изложба на поетски творби и цртежи од ученици на тема „Хероите носат униформа-но и срце“, кој го распиша Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ од Струмица. На конкурсот пристигнале 66 литаратурни творби и 78 цртежи и илустрации, а најдобрите беа прочитани на настанот.
На свеченоста присутвуваше и директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Атанас Јанев, кој во своето обраѓање истакна дека полициската служба не е само обична професија, туку тоа е дадената заклетва, повикот да се биде тука за другиот, да се биде чувар на безбедноста, на редот, на безбедноста меѓу граѓаните и државата.
-Верувам во идеата дека полицијата е чувар на државата, а дека униформата и значката што ја носиме е симбол на гордост, чест и одговорност, а не на моќ. Како раководство на БЈБ и преку СВР Струмица во изминатите месеци покажавме дека државата може да биде и праведна, може да биде и силна. Го засиливме присуството на терен, го засиливме оперативното работење, се обидуваме да се доближиме до граѓаните, секојдневно, постојано преку личен пример, прекун лична жртва, преку кратење на времето кое трба да го поминеме со нашите најблиски, истакна Јанев.

Според началникот на СВР Струмица, Дејан Ефтимов, денешниот ден е посебен, бидејќи како припадници на МВР секојдневно ја чувствуваат и носат тежината на одговорноста за животот, имотот и правата на сите граѓани.
-Нека денешниот празник биде уште еден поттика за натамошно унапредување на полициското работење во сите сегменти, а проследено со интензивна соработка со граѓаните и меѓународните партнери, рече Ефтимов.
На одбележувањето на денот на македонската полиција им беа доделени постхумно признанија на загинати полицајци, а на повеќе институции им беа доделени благодарници и призананија за успешната сорботка со полицијата. рт/сст/
Фото МИА