• петок, 03 јануари 2025

СВР Скопје го расчисти случајот со пронајденото оружје во Арачиново

СВР Скопје го расчисти случајот со пронајденото оружје во Арачиново

Скопје, 31 декември 2024 МИА) - СВР Скопје го расчистил случајот со оружјето кое беше пронајдено од негови полициски службеници на 18 декември на територија на општина Арачиново, информира Министерството за внатрешни работи. 

-Покрај локален пат од село Орланци кон село Никуштак беа пронајдени девет автоматски пушки, еден пушкомитралез и поголема количина на муниција. По преземени соодветни мерки и активности и извршени вештачења во Одделот за форензички испитувања, утврдено е дека оружјето е на Х.С. (29) од Куманово, соопшти МВР. 

 Х.С. завчера (29 декември) бил  лишен од слобода на граничниот премин Долно Блаце, а од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по итна постапка и вчера (30 декември) од судија на претходна постапка му е изречена мерка 30-дневен притвор. хс/

Фото и видео: Министерство за внатрешни работи 

 

Остани поврзан