• петок, 30 јануари 2026

СВР Куманово со превентивни активности за проектот „Безбеден град“

СВР Куманово со превентивни активности за проектот „Безбеден град“

Куманово, 29 јануари 2026 (МИА) - Отсекот за превенција од Општина Куманово и полициска станица за безбедност во сообраќај на патиштата во текот на неделава спроведуваа превентивни активности на различни локации во градот и периферните населби, со цел информирање на возачите и други учесници во сообраќајот за официјално отпочнување на функционирање на безбедносните камери по проектот„Безбеден град“.

-Насоките и известувања за прекршочни санкции спротивно на сообраќајните знаци предвидени според ЗБСП, се достапни на страната на МВР. Во Куманово на сите возачи и паркирани возила им се поделени и поставени на возилата, известувања од МВР за висината на прекршочните санкции според сторен прекршок (пример: поминување на црвено светло, запирање и паркирање во населено место и надвор од него), со цел граѓаните да бидат запознаени со функционирањето на „Безбеден град“, информираа од општина Куманово.

Отсекот за превенција и полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата апелираа до возачите и учесниците во сообраќајот за одговорно однесување, почитување на ограничувања на брзината без сторени прекршоци, со цел да се намалат сообраќајни незгоди и да се спречат несакани последици, истовремено овозможувајќи слободни тротоари за сите пешаци. ам/вј/

Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан