• среда, 27 ноември 2024

СВР-Штип со реакција и анализа за безбедноста на домовите на штипската улица „Солунска“

СВР-Штип со реакција и анализа за безбедноста на домовите на штипската улица „Солунска“

Штип, 28 октомври 2023 (МИА) - По реакциите на дел од жителите на штипската улица „Солунска“ и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за честите кражби во нивните домови, попладнево од СВР-Штип пристигна и писмена реакција во која какошто се вели најостро ги демантират невистините изнесени од градоначалникот на Штип.

-Имено, безбедносната состојба на подрачјето на ПС Штип во изминатиот период е поволна и стабилна по сите параметри. Вкупниот криминалитет на подрачјето на ПС Штип за деветте месеци во 2023 спордбено со истиот период во 2022 година бележи значително намалување за 32% и тоа со евидентирани 483 (709) кривични дела, за кои се поднесени 399 (645) кривични пријави .Од вкупниот број на кривични дела, од познат сторител се извршени 186 (248) кр.дела (намалување од 25%), додека од непознат сторител се извршени 297 (461) кр.дела (намалување од 36%) од кои расветлени се 120 КД со што e постигната ефикасност во расветлувањето од 40 % односно расчистени се 63% од вкупно пријавените кривични дела, се вели во писменото сооптение од СВР-Штип. 

Во него се посочува дека општиот криминал бележи значително намалување од 36% со евидентирани 423 (666) кривични дела, за кои се поднесени 344 (607) кривични пријави (намалување од 43%). Во делот на тешки кражби и кражби исто така бележиме намалување и тоа кај тешките кражби од 42% а кај кражбите 22% со евидентирани 203 (349) кривични дела тешки кражби и 45 (58) кривични дела кражба.

-Ја информираме јавноста дека СВР Штип во секојдневното работење врши постојана анализа на пријавените кривични дела, по што се врши мапирање на безбедносно интересни локации, врз основа на што ги распоредуваме своите ресурси. 

Конкретно за посочената локација односно ул.Солунска во СВР Штип во 2023 година пријавени се вкупно четири кривични дела ( 3 тешки кражби и 1 кражба) од кои расветлени се две кривични дела тешка кражба и поднесени се соодветни кривични пријави. Исто така, ја информираме јавноста дека од страна на Отсекот за превенција при СВР Штип во 2022 година има 1324, а додека во 2023 година 1688 превентивни активности, односно средби со граѓаните, се наведува во пимсеното соопштение од СВР-Штип. 

Посочуваат дека и нивна  страна во повеќе наврати поднесени се иницијативи за формирање на локален совет за превенција која е во надлежност на локалната самоуправа, но какошто велат до овој момент истиот не е формиран. вдј/аа/

Фото: МИА

 

Остани поврзан