• сабота, 23 ноември 2024

Свиленски: Бугарската социјалистичка партија е против давање воена помош за Украина

Свиленски: Бугарската социјалистичка партија е против давање воена помош за Украина
Софија, 30 март 2022 (МИА) - Ставот на Бугарската социјалистичка партија е јасен и остро е против давање воена помош за Украина, изјави претседателот на пратеничката група Георги Свиленски. Бугарија веќе донесе одлука кога ќе се гласа за нејзиниот буџет, изјави Свиленски пред Националното собрание, дека ќе обезбеди хуманитарна, а не воена помош за Украина. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Свиленски, оваа одлука не е укината и мора да продолжи да се почитува. Повод за ваквата изјава беа консултациите што ги започна „Демократска Бугарија“ за усвојување на одлука на бугарскиот парламент да и даде мандат на владата во Софија да и пружи воена помош на Украина според нејзините можности. нк/аа/

Остани поврзан