• вторник, 24 декември 2024

Свечен настан и изложба во чест на жртвите од Втората светска војна и војната во Украина

Свечен настан и изложба во чест на жртвите од Втората светска војна и војната во Украина
Скопје, 8 мај 2022 (МИА) - Свечен настан во чест на жртвите од Втората светска војна (1939-1945) и Руската војна против Украина од 2022 година ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба, соопшти Амбасадата на Украина. Во рамки на настанот ќе биде отворена изложба на фотографии „XXI век. Европа. Непростливо злосторство “. - Ние, Украинците, се сеќаваме каква страшна трагедија беше за нас Втората светска војна. За нас 8 - 9 мај не е триумф, не е празник, туку спомен, оддавање почит на жртвите од војната, потсетување на страшните злосторства. За нас, ова не е култ на победата, туку ценење на мирот и животот. Ние, Украинците, сме херојски и храбар народ. Ние имаме прекрасна, моќна Армија. Ние сме на наша земја и никому нема да ја дадеме. И заедно, со нашите сојузници, како што беше за време на Втората светска војна, со земјите од антихитлеровата коалиција, а сега со земјите од антипутинската коалицијата, ќе победиме и сега, вели украинската амбасадорка Наталија Задорожњук. мс/ац/

Остани поврзан