• сабота, 23 ноември 2024

Свечен концерт по повод светскиот ден на хармониката

Свечен концерт по повод светскиот ден на хармониката

Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - Здружението „Љубители на класична музика“ Скопје, членка на Светската унија на хармоникашите Confédération Internationale des Accordéonistes (CIA) Member of the International Music Council (IMC-UNESCO) вечер во 20 часот организира Свечен концерт по повод светскиот ден на хармониката. Концертот, што се организра по 16-ти пат, ќе се одржи во НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

-На концертот ќе настапат реномирани уметници од земјава, како и студенти од класата на професорката Зорица Каракутовска од Факултетот за музичка уметност Скопје. Покрај солистичките точки, на концертот ќе настапат и хармоникашки камерни ансамби, како и камерни ансамбли составени од хармоника и други инструменти. На програмата се дела од Семјонов, Зубицки, Штраус, Пјацола, Бете Илин и други, информираат организаторите.

Светската унија на хармоникашите во 2009 година го прогласила 6 мај за Светски ден на хармониката (World Accordion Day), бидејќи на овој датум во 1829 година е патентирана првата хармоника.

Роденденот на хармониката се чествува во многу земји низ светот, а овој меѓународен проект во земјава е поддржан од Министерството за култура, како проект од национален интерес. сст/вг/

Фото: Плакат
 
 
 

 

 

Остани поврзан