Свечено отворање на новата лабораторија за органска хемија на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ
- Нова лабораторија за органска хемија ќе биде отворена денеска на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Скопје, 20 април 2026 (МИА) - Нова лабораторија за органска хемија ќе биде отворена денеска на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, ректорката на УКИМ проф. д-р Билјана Ангеловал и деканот на ТМФ, проф. д-р Игор Јорданов.
Како што се наведува во соопштението на Деканатот на Технолошко-металуршки факултет, станува збор за значајна инвестиција во вредност од два милиони денари, обезбедени преку поддршка од УКИМ, Министерството за образование и наука, како и со сопствени средства на факултетот.
Новата лабораторија ќе овозможи унапредување на наставно-научната работа и создавање современи услови за едукација и истражување во областа на органската технологија. ац/са/
Фото: Технолошко-металуршкиот факултет - УКИМ