Свечена седница на Совет на Кавадарци, се одбележува денот на градот
- Свечена седница одржува вечерва Советот на општината Кавадарци, се одбележува денот на градот. Претседателот на Советот, Стојанче Рамов ги честиташе општинскиот празник 7 Септември и утрешниот ден на независноста на Република Македонија, 8 Септември.
Кавадарци, 7 септември 2023 (МИА) - Свечена седница одржува вечерва Советот на општината Кавадарци, се одбележува денот на градот. Претседателот на Советот, Стојанче Рамов ги честиташе општинскиот празник 7 Септември и утрешниот ден на независноста на Република Македонија, 8 Септември.
- Веќе е добро познато колку Кавадарци во последниве неколку години расте и се надградува, буквално на секое поле и во секоја сфера. Градот живее, Општина Кавадарци има со што да се пофали, почнувајќи од тоа дека е општина со најниска стапка на невработеност. Скоро две години откако сум претседател на Советот при Општина Кавадарци и можам да искажам задоволство за соработката што ja имаме, заедно со советниците и градоначалникот во изминатата година, рече Рамов.
Тој нагласи дека Кавадарци како град е за пример во Република Македонија, како од општествен, така и од економски аспект.
Во рамките на свечената седница, и беше доделена општинската награда „7 Септември“ на годинашните добитници Пере Пењушков, Петар Ангелов и Димитрија Ангелков
Доктор Пењушков ја добива највисоката општинска награда за неговите заслуги во одржувањето на културно - историската традиција. Ангелов е заслужен во делот на спортот, а Ангелков ја добива наградата за неговото иновативно творештво.
Во јавниот повик за кандидирање на кандидати за оваа награда, пишуваше дека наградата се доделува на различни субјекти, заслужни за развојот и промоцијата на општината, во повеќе области. свд/
Фото : МИА