Свечена промоција на нови полициски службеници
- Во Центарот за обука на МВР во Идризово, денеска ќе се одржи Свечена промоција на нови полициски службеници - генерација 2019-2020 година.

Скопје, 27 март 2021 (МИА) - Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово, денеска ќе се одржи Свечена промоција на нови полициски службеници од генерацијата 2019-2020 година.
На промоцијата официјални обраќања ќе имаат претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и раководителот на Центарот за обука на МВР, Гоце Бачанов. оџ/сп/