• сабота, 23 ноември 2024

Свечена изјава на новиот член на ДИК Абдуш Демири

Свечена изјава на новиот член на ДИК Абдуш Демири

Скопје, 4 март 2024 (МИА) - Новоизбраниот член на Државната изборна комисија Абдуш Демири, со кого по неколку месеци се комплетираше составот на Комисијата, денеска во Собранието ќе даде свечена изјава.

Собранието во рамки на 145 седница во средата го изгласа  Демири за член на Државната изборна комисија. За одлуката гласаа 90 пратеници, без ниту еден глас против и воздржан. 

Абдуш Демири е предлог за член на ДИК од партиите од Европскиот сојуз за промени.

Државната изборна комисија повеќе месеци беше без седмиот член, откако Кренар Лога стана министер за правда. хс/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан