• сабота, 23 ноември 2024

Замениците министри и дополнителните заменици министри дадоа свечена изјава

Замениците министри и дополнителните заменици министри дадоа свечена изјава

Скопје, 28 јануари 2024 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија попладнево новите заменици и дополнителни заменици министри дадоа свечена изјава пред претседателот на Парламентот, Јован Митрески.

Освен заменик-министрите во 16-те ресори на Владата, денеска беа избрани дополнителните заменици-министри во пет министерства предвидени со Законот за Влада, во делот што се однесува на составот на преодната Влада, која се избира 100 дена пред парламентарните избори.

За дополнителен заменик министер за внатрешни работи од редовите на СДСМ е избран Митко Бојмацалиев, а за дополнителна заменик министерка во Министерството за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

За дополнителен заменик министер за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана Елена Петрова, за дополнителен заменик-министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Претходно, свечена изјава дадоа и министрите од техничката Влада која беше изгласана денеска во рамки на 141 пленарна седница. ар/бак/


Фото: МИА

Остани поврзан