• вторник, 24 декември 2024

Свечена академија по повод 115-годишнината на Битолскиот конгрес и Деновите на Албанската азбука

Свечена академија по повод 115-годишнината на Битолскиот конгрес и Деновите на Албанската азбука

Скопје, 22 ноември 2023 (МИА) - Владата на Република Македонија денеска ќе организира Свечена академија по повод 115-годишнината на Битолскиот конгрес и Деновите на Албанската азбука.

-Свечената академија ќе се одржи денеска со почеток во 14:00 часот, во Филхармонија, информираат од кабинетот на Првиот Потпретседател на Владата, Артан Груби.

На свечената академија ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски. 

Исто така, во Собранието на Република Северна Македонија денеска на пладне ќе биде врачена државната награда „22 Ноември“, која се доделува за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

Добитници на овогодинешната награда „22 Ноември“ се истражувачот и писател Агим Винца и писателот Амет Селмани. фф/нд/

Фото: МИА Архива

                       

Остани поврзан