• петок, 22 ноември 2024

Свечена академија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 Септември

Свечена академија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 Септември

Скопје, 28 септември 2024 (МИА) - Во организација на Бошњачкиот национален совет синоќа во Куршумли Ан во Старата скопска чаршија се одржа свечена академија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 Септември.

- Претседателот на Бошњачкиот национален совет Џевад Хот ја нагласи важноста на одбележувањето на Денот на Бошеаците, притоа нагласувајќи дека токму 28 сепмтеври 1993 година е еден од најзначајните датуми во поновата историја на Бошњците. Тој нагласи дека со одржувањето на себошњачкиот собир во Сараево пред 32 години, Бошњаците го вратиле своето историско име Бошњак, со што ја исправиле неправдата која им била нанесена, соопшти Бошњачки демократски сојуз.

Оттаму информираат дека турскиот амбасадор во Скопје Фатих Улусој упатил честитки по повод Меѓународниот ден на Бошњаците и посакал успех, среќа и просперитет на бошењачката заедница во земјава, како и на севкупното мултиетничко општество во земјава. Денот на Бошњаците го честитал и Кењан Врбањац, претседател на хуманитарната организација Мерхамет од Босна и Херцеговина.

Во рамки на културно-уметничката програма настапиле хорот „Стамбол“ од Нови Пазар, дуото Илма и Илда Нурковиќ од Црна Гора, како и Изет и Јасмин Идризовиќ од Скопје.

Свечената академија се одржа со поддршка на турскиот културен центар Јунус Емре во Скопје, а под покровителство на Бошњачкиот демократски сојуз и претседателот Мунир Колашинац.лв/

Остани поврзан