• понеделник, 23 декември 2024

Светските научници загрижени поради исчезнувањето на мразот на Артикот

Светските научници загрижени поради исчезнувањето на мразот на Артикот
Берлин, 12 октомври 2020 (МИА) - Лидерот на едногодишната истражувачка мисија на Арктикот, Маркус Рекс изјави дека наскоро нема да има мраз на Арктикот во текот на летата. - Гледаме како умира Арктикот. Наскоро нема да има мраз на Арктикот во текот на летата. Тоа може да предизвика далекусежни последици по цел свет, посочи Рекс. Тој наведе дека за време на мисијата извршиле разни мерања. - Донесовме дома многу податоци, заедно со значителено количество мраз, снег и вода, посочи Рекс. Бродот „Поларстерн“ денеска се врати во Германија по 389 дена поминати на Арктикот. Во мисијата учествуваа над 300 научници од 20 држави, меѓу кои САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина, а проектот чинеше 150 милиони евра. ми/

Остани поврзан