• понеделник, 16 декември 2024

„Светска централна кујна“ (WCK) ја прекинува работата во Газа поради убиствo на тројцата вработени

„Светска централна кујна“ (WCK)  ја прекинува работата во Газа поради убиствo на тројцата вработени

Ерусалим, 30 ноември 2024 (МИА) - Американската невладина организација „Светска централна кујна“ (WCK) денеска објави дека ги прекинува своите активности во Појасот Газа по израелскиот напад во кој загинаа тројца нејзини работници.

„Со жалење дознавме дека возилото на нашите колеги било погодено во израелски воздушен напад во Газа“, се наведува во соопштението на невладината организација.

WCK не го прецизираше бројот на убиените колеги, додавајќи дека се уште има нецелосни информации за нападот.

Израелската војска потврди дека еден од палестинските хуманитарни работници, чија смрт денеска ја објави Цивилната одбрана на Газа и кој беше убиен во израелски воздушен напад, работел за оваа американска невладина организација.

Израелската војска соопшти дека тој бил „терорист кој се инфилтрирал во Израел и учествувал во масакрот на 7 октомври во Кибуц Нир Оз“, многу блиску до Појасот Газа, и дека работел за WCK.

Цивилната одбрана на Појасот Газа претходно денеска објави дека тројца хуманитарни работници биле убиени во израелскиот напад врз Кан Јунис и дека војската „гаѓала еден терорист“. Тројцата хуманитарни работници беа Палестинци.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан