• петок, 05 декември 2025

Светиклиментовата награда што ја доделува Општина Охрид постхумно за новинарот и публицистот Владимир Ангеличин - Жура

Светиклиментовата награда што ја доделува Општина Охрид постхумно за новинарот и публицистот Владимир Ангеличин - Жура

Охрид, 4 декември 2025 (МИА) – Владимир  Ангеличин – Жура, новинарот, публицист и хроничар, постхумно ќе ја добие највисоката општинска  наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“.

Владимир Ангеличин –Жура почина на 1 ноември годинава, на 78 години. Тој во својата професионална кариера беше уредник на Радио Охрид, а потоа уредник на весникот на ГП „Трудбеник”. Автор е на голем број написи и во дневниот и во седмичниот печат, а посебно значајни се неговите истражувачки радио и телевизиски емисии посветени на минатото на Охрид, како циклусот од над 150 неделни едночасовни емисии „Реликвија”, посветени на минатото на Охрид, циклусот од 20 получасовни радио емисии посветени на охридската староградска песна, циклус од 15 телевизиски емисии инспирирани од трубадурската охридска песна и друго. Особено значајни се и неговите истражувања во областа на генеалогијата на охридските фамилии.

Ангеличин во својата професионална кариера беше уредник на Радио Охрид, а потоа уредник на весникот на ГП „Трудбеник”. Автор е на голем број написи и во дневниот и во седмичниот печат, а посе

Автор е на повеќе книги од кои посебен интерес побудува „Жура за Жура“. Од рани години се занимава со документарна и уметничка фотографија, познат е и како рецензент и промотор на бројни книги, фотоизложби и музички настани.

Добитник е на ред пофалби, дипломи и признанија како и на највисокото признание на Општина Охрид за 1985 за вонредни постигнувања на полето на информирањето, уметноста и културата.

Наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“, општината ја доделува за животно дело односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид  и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и низ светот. аб/дма/

Фото: МИА архива  
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан