Сваровски ќе го намали бројот на вработени
- Австриската компанија за луксузен накит „Сваровски“ денеска најави големо намалување на бројот на вработени ширум светот.
Виена, 22 јуни 2020 (МИА) - Австриската компанија за луксузен накит „Сваровски“ денеска најави големо намалување на бројот на вработени ширум светот.
Во седиштето во австриското место Ватенс, бројот на вработени ќе се намали за 200, а во светот за 600.
Исто така е одлучено да се работи со скратено работно време до крајот на септември, а тоа се однесува на сите вработени.
Како причина за овој чекор, „Сваровски“ ја наведува пандемијата на коронавирусот, која тешко го погоди меѓународниот пазар на луксузни производи.
Како што е наведено во соопштението, во првата половина од оваа година има значително намалување на продажбата.
Минатата година, „Сваровски“ оствари профит од 2,7 милијарди евра. паг/