• вторник, 24 декември 2024

СБ на ОН утре ќе расправа за судирот меѓу Израел и Хамас во Газа

СБ на ОН утре ќе расправа за судирот меѓу Израел и Хамас во Газа

Њујорк, 12 октомври 2023 (МИА) - Советот за безбедност на ОН заседава утре попладне на состанок на кој ќе се разговара за конфликтот меѓу Израел и палестинската екстремистичка група Хамас во Газа.

Советот се уште не одлучил дали состанокот ќе биде јавно достапен, наведуваат извори.

Ова 15-члено тело на светската организација се состана зад затворени врати во неделата, еден ден откако Хамас почна со нападите врз Израел.

Во досегашните напади загинаа повеќе од 1.200 лица, а десетици се одведени во Газа како заложници.сд/

Остани поврзан