• сабота, 23 ноември 2024

СБ на ОН денеска повторно ќе се обиде да гласа за резолуцијата за Газа

СБ на ОН денеска повторно ќе се обиде да гласа за резолуцијата за Газа

Њујорк, 21 декември 2023 (МИА) - Советот за безбедност на Обединетите нации денеска повторно ќе се обиде да гласа за резолуцијата за Газа, откако овој документ неколку пати беше одложуван поради неможноста да се постигне договор.

Советот, широко критикуван за неговата неактивност од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, веќе неколку дена преговара за нов текст на резолуцијата спонзорирана од Обединетите Арапски Емирати.

Гласањето првично планирано за понеделникот беше одложено неколку пати, последно вчера, на барање на Американците, кои на 8 декември веќе ставија вето на претходниот текст со кој се повикуваше на „хуманитарен прекин на огнот“ во Појасот Газа.

По седумдневното примирје што заврши на 1 декември, меѓународниот притисок се засили за нова пауза во борбите, што ќе овозможи ослободување на повеќе заложници и влез на поголема меѓународна помош во малата енкллава погодена од хуманитарната катастрофа, која беше под целосна израелска опсада од 9 октомври.

Првиот прекин на огнот овозможи ослободување на 105 заложници и 240 Палестинци од израелските затвори.

Но, Израел исклучува каков било прекин на огнот пред „елиминацијата“ на Хамас, движењето кое владее со Газа од 2007 година и од САД, ЕУ и Израел е класифицирано како терористичка организација. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан