Сањол: Роналдо е еден од најдобрите во историјата, на исто ниво е како Пеле, Марадона и Зидан
- Селекторот на грузиската фудбалска репрезентација Вили Сањол го сподели своето мислење за португалскиот репрезентативен напаѓач Кристијано Роналдо.
Гелзенкирхен, 26 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на грузиската фудбалска репрезентација Вили Сањол го сподели своето мислење за португалскиот репрезентативен напаѓач Кристијано Роналдо.
Французинот играше против Португалецот на Светското првенство во Германија во 2006 година.
- Не знам дали тоа ме прави мене постар или него. Во 2006 година, тој беше сè уште многу млад, иако веќе имаше голем број интересни квалитети. Го памтам како играч кој секогаш кога ја примаше топката сакаше да создаде нешто. Зборуваме за еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот - на исто ниво со Пеле, Марадона, Зидан. Разликата е во тоа што го достигна фудбалскиот врв, но се уште игра и покажува резултати, изјави Сањол за „Телеграф“.
Португалија и Грузија вечер во Гелзенкирхен од 21 часот ќе го одиграат натпреварот од 3. коло во Ф-групата на ЕП 2024. зс/
Фото: ЕПА