• понеделник, 23 декември 2024

Сајнц ќе вози болид на Вилијамс на постсезонските тестирања во Абу Даби

Сајнц ќе вози болид на Вилијамс на постсезонските тестирања во Абу Даби

Лондон, 20 ноември 2024 (МИА) - Шпанскиот тркачки возач Карлос Сајнц ќе го вози болидот на Вилијамс на постсезонските тестови во Абу Даби на 10 декември.

Сајнц, кој следната сезона ќе го отстапи своето место во Ферари на Луис Хамилтон, ќе му се придружи на Вилијамс како тимски колега на Алекс Албон. Во петокот Вилијамс потврди дека Скудерија ќе му дозволи на Сајнц да започне со тренинзи со својот нов тим веднаш по завршувањето на тековната сезона.

- Оваа рана можност им овозможува на Карлос и Вилијамс да почнат да градат врска пред следната сезона. Тест сесијата на патеката „Јас Марина“ ќе му даде на Шпанецот драгоцена можност да започне да се интегрира во неговата нова тимска средина додека го вози FW46 за прв пат, објави Вилијамс.

Сајнц ќе го напушти Ферари по завршувањето на актуелниот шампионат од 2025 година ќе вози за Вилијамс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан