• среда, 27 ноември 2024

Сајнц по освојувањето на пол-позицијата во Мексико: Само извозев два многу добри круга во третиот сегмент и тоа беше доволно

Сајнц по освојувањето на пол-позицијата во Мексико: Само извозев два многу добри круга во третиот сегмент и тоа беше доволно

Мексико Сити, 27 октомври 2024 (МИА) – Возачот на Ферари ги искажаа импресиите од синоќешните квалификации за ГН на Мексико.

Тој ја освои пол-позицијата, пред актуелниот светски шампион Макс Верстапен

- Многу сум задоволен, успеав да возам два одлични круга. На патеката во Мексико Сити често се чувствувате како да не можете да издржите добар круг - затоа што е многу тешко затоа што болидот постојано се лизга. Сепак, денес, да бидам искрен, двата мои најбрзи круга во третиот сегмент испаднаа речиси идентични и речиси совршени. Тоа беше доволно за да освојам пол-позиција. Многу сум среќен поради ова, бидејќи во Мексико Сити, на толку тешка патека, тоа обично не се случува. Ќе се обидам да го задржам водството во првиот свиок, а потоа се надевам дека ќе имаме доволно темпо за да победиме на трката, изјави Сајнц.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Мексико ќе се вози вечер со почеток во 21 часот. зс/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан