• понеделник, 23 декември 2024

Сајмон Харис стана најмладиот премиер во историјата на Република Ирска

Сајмон Харис стана најмладиот премиер во историјата на Република Ирска

Даблин, 9 април 2024 (МИА) - Претседателот на либерално-конзервативната ирска партија Фајн Гаел, Сајмон Харис, денеска е избран за премиер на Република Ирска, откако неговиот партиски колега Лео Варадкар претходно поднесе оставка од таа функција.

Така Харис стана најмладиот премиер во историјата на Ирска, со само 37 години.

Се очекува Харис да изврши реконструкција на Владата и дека новата Влада ќе работи на проблемот со станбената криза, зголемувањето на цените на недвижностите, малите бизниси и друго.

Харис е избран за пратеник во ирскиот Парламент кога имал само 24 години, а член на Владата станал пред да наполни 30 години.

Цените на недвижностите во Ирска се зголемија за 6,5 отсто во последниот квартал, што е најбрзата стапка на раст од 2022 година. рп/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан