• среда, 25 декември 2024

Сајкоски: По примерот на Крушевскиот манифест повикувам на единство на сите граѓани за да ставиме крај на неправдите, криминалот, корупцијата

Сајкоски: По примерот на Крушевскиот манифест повикувам на единство на сите граѓани за да ставиме крај на неправдите, криминалот, корупцијата

Скопје, 10 април 2024

Најпрво сакам да го честитам празникот Рамазан Бајрам, на сите граѓани од муслиманска вероисповед да им посакам добро здравје, среќа, благосостојба во нивните и на сите домови.

Сакам од Крушево, тука, да порачам дека Крушево е еден од нај запоставените градови во Македонија. Централната власт воопшто не води сметка за Крушево, пристапните патишта до Крушево се катастрофални. Патот Демир Хисар – Крушево е во очајна состојба, туризмот е на најниски гранки го сега.

Локалната самоуправа не вложува ништо во Крушево, ниту централната, ниту локалната власт. Крушево е заборавено од властите.

Затоа, сакам да се повикам на Манифестот од Крушевската Република и на некои постулати од него, да повикам на единство на граѓаните тука во Крушево и во цела Македонија. Да ставиме крај на неправдите, крај на криминалот, крај на корупцијата, крај на задолжувањата кои што ги прави оваа власт.

Да се обединиме во насока да донесеме подобар живот, подобри услови во здравството, подобро образование и подобро да живееме сите во нашата Македонија.

 

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан