• среда, 25 декември 2024

Сашко Коцев настапи пред паланчани со стенд-ап шоуто „Широк дијафазон"

Сашко Коцев настапи пред паланчани со стенд-ап шоуто „Широк дијафазон

Крива Паланка, 8 јуни 2024 (МИА) - Публиката во Крива Паланка синоќа ја исполни до последно место салата во Националната установа Центар за култура за стенд-ап шоуто на Сашко Коцев „Широк дијафазон".

Настапот на популарниот македонски актер предизвика интерес кај кривопаланечката публика која цела вечер се смееше и уживаше во извонредниот перформанс со кој Коцев се впиша во културната историја на „Градот на културата".

Тема на шоуто беа аномалиите на општествените случувања, машко-женските односи, коментар на Коцев на неговото лично постоење и опкружување.

-Во Крива Паланка не сум настапил речиси 15 години. Морам да кажам дека публиката беше одлична, а јас често велам, секоја публика реагира согласно енергијата на изведувачот, така што, и јас вечерва бев одлично расположен и супер си поминав овде. Многу е важно на публиката да ѝ се нудат содржини. Само ќе го поздравам сето тоа што го правите и посакувам успешна кампања за собирање средства за купување концертен клавир, што е многу благородна мисија, рече Коцев.

Организатор на настанот беше НУЦК Крива Паланка заедно со Општина Крива Паланка и Локалната установа Градски музеј ја реализираат манифестацијата „Крива Паланка - Град на културата".

Во програмата за месец јуни се предвидени уште десет настани - изложби, филмски проекции, концерти, а на крајот на месецот ќе биде отворена и познатата Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски".ид/фф/

Фото: МИА 

Остани поврзан