• вторник, 24 декември 2024

Сафади: Јордан нема да дозволи да биде инволвиран во конфликтот меѓу Иран и Израел

Сафади: Јордан нема да дозволи да биде инволвиран во конфликтот меѓу Иран и Израел

Аман, 19 април 2024 (МИА) - Јордан нема да дозволи да се најде во средината на конфликтот меѓу Иран и Израел и со тоа да ја загрози безбедноста на своите граѓани, соопшти јорданското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на зборовите на шефот на дипломатијата, Ајман Сафади упатени до неговиот ирански колега Хосеин Амирабдолахиан.

„Сафади нагласи дека сегашната ескалација служи само да го одвлече вниманието од израелската агресија врз Газа, чие запирање мора да биде приоритет“, се додава во соопштението, пренесе Ал Џезира.

Американски функционер претходно денеска изјави за Си-Ен-Ен дека Израел го нападна иранскиот град Исфахан како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека три беспилотни летала биле соборени над Исфахан.

Иран го нападна Израел на 13 април со околу 300 беспилотни летала и проектили како одмазда за израелскиот напад врз конзулатот во Дамаск на 1 април, во кој загинаа командантот на иранската револуционерна гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицеруи кои ги придружувале.

Иранските власти, исто така, претходно оваа недела го критикуваа Јордан за отворање на воздушниот простор во одбрана на Израел за време на ирански беспилотен и ракетен напад.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан