• вторник, 24 декември 2024

Сафади: Израел му пркоси на решението за две држави, но тоа е единствениот излез

Сафади: Израел му пркоси на решението за две држави, но тоа е единствениот излез

Аман, 22 јануари 2024 (МИА) - Јорданскиот министер за надворешни работи ја осуди „радикалната расистичка агенда“ на израелската влада, велејќи дека таа му пркоси на светот во неговото одбивање да прифати решение за две држави за Израел и Палестина.

-Единствениот излез од оваа беда е решение за две држави, им рече Ајман Сафади на новинарите на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Тие ѝ пркосат на целата меѓународна заедница и време е светот да заземе став, додаде тој. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан