Саутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата
- Саутемптон синоќа го победи Вест Бромвич во реванш полуфиналниот натпревар од плејофот на Чемпионшип со 3:1. Средбата се одржа на стадионот „Сент Мери“ во Саутемптон.

Саутемптон, 18 мај 2024 (МИА) - Саутемптон синоќа го победи Вест Бромвич во реванш полуфиналниот натпревар од плејофот на Чемпионшип со 3:1. Средбата се одржа на стадионот „Сент Мери“ во Саутемптон.
Во првото полувреме немаше постигнати голови. По паузата, Вилијам Смолбон го отвори резултатот, Адам Армстронг со два погодока зголеми на 3:0. Во последните минути гостите намалија преку Седрик Кипре.
Првиот меч заврши нерешено 0:0, па Саутемптон се пласираше во финалето каде ќе се сретне со Лидс. зс/
Фото: ЕПА