Саудиски Ал Хилал на Меси му нуди 220 милиони евра по сезона
- Раководството на саудискиот прволигаш Ал Хилал е подготвено на фудбалерот на ПСЖ и аргентински репрезентативец Лионел Меси да му понуди договор кој вклучува заработка од 220 милиони евра по сезона, објави денеска угледниот шпански спортски весник „Марка“.
Мадрид, 15 март 2023 (МИА) – Раководството на саудискиот прволигаш Ал Хилал е подготвено на фудбалерот на ПСЖ и аргентински репрезентативец Лионел Меси да му понуди договор кој вклучува заработка од 220 милиони евра по сезона, објави денеска угледниот шпански спортски весник „Марка“.
Весникот наведува дека Меси, во случај да ја прифати понудата за трансфер во Ал Хилал, би потпишал договор на повеќе години, а еден дел од парите би ги добил врз основа на договорот, додека другиот врз основа на маркетиншки активности.
„Меси во овој момент не е премногу заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија, но неговиот татко неодамна беше фотографиран во Ријад каде, наводно, пристигнал за да разговара со локалните власти за изградба на градинка“, објави „Марка“’.
На почетокот на оваа година португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо се пресели во Саудиска Арабија потпишувајќи договор со Ал Наср до јуни 2025 година.
Меси има договор со ПСЖ до 30 јуни годинава. ег/
ФОТО:Твитер