• недела, 21 јули 2024

Саудиски Ал Наср нуди 3,5 милиони евра за Столе Димитриевски

Саудиски Ал Наср нуди 3,5 милиони евра за Столе Димитриевски
Мадрид, 12 јануари 2022 (МИА) – Шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано сака да го задржи Столе Димитриевски во своите редови и не води преговори за негов трансфер во Барселона, а на адреса на мадридскиот клуб за услугите на македонскиот репрезентативен голман е пристигната понуда вредна 3,5 милиони евра од саудискиот прволигаш Ал Наср. Ова вечерва на својот Твитер профил го објави угледниот италијански новинар и добар познавач на трансфер пазарот Фабрицио Романо. Според истиот извор, Рајо Ваљекано настојува да го задржи македонскиот голман во своите редови и засега не е постигнат договор со Ал Наср, ниту пак се водат преговори со Барселона. Повеќе шпански медиуми изминатиов период објавија дека Барселона е заинтересирана да го донесе Димитриевски во своите редови во јануарскиот преоден рок. ег/мд/

Остани поврзан