• среда, 25 декември 2024

Саудискиот крал Салман хоспитализиран поради воспаление на жолчката

Саудискиот крал Салман хоспитализиран поради воспаление на жолчката
Ријад, 21 јули 2020 (МИА) - Саудискиот крал Салман (84) е во стабилна здравствена состојба, информираат извори блиски до кралското семејство во Ријад. Според извештаите на државните медиуми, саудискиот монарх бил хоспитализиран поради воспаление на жолчното ќесе и се чувствува добро. Медиумите претходно објавија дека саудискиот суверен водел видео седница на кабинетот, а  кралот последен пат на телевизија се обрати на нацијата на 19 март, кога предупреди за пандемијата на коронавирус. Принцот на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман исто така учествуваше во ТВ-покривањето на сесиите на саудиската влада. паг/

Остани поврзан