• сабота, 21 декември 2024

Саудиска Арабија со рекордни, над 300, егзекуции во 2024

Саудиска Арабија со рекордни, над 300, егзекуции во 2024

Ријад, 3 декември 2024 (МИА) - Бројот на егзекуции во Саудиска Арабија во 2024 година надмина 300, покажуваат денеска ажурираните податоци на саудиското Министерство за внатрешни работи.

Според соопштението, четворица осудени за општоопасни кривични дела биле егзекутирани, со што вкупниот број на егзекуции од почетокот на годината достигна 303.

Во 2023 година, Саудиска Арабија извршила 170 егзекуции, според невладината организација „Амнести интернешнал“, која од 1990 година ги следи егзекуциите во оваа богата монархија од Персискиот Залив, позната по строгото спроведување на исламското право.

Истите податоци покажуваат дека Саудиска Арабија во 2023 година била на трето место во светот по бројот на егзекуции, зад Кина и Иран.

Претходниот рекорден број егзекуции за една година во кралството бил 196 во 2022 година и 192 во 1995 година, според „Амнести интернешнал“.

Таха ал-Хаџи, директор на правната програма на Европската саудиска организација за човекови права, со седиште во Берлин, ги нарече егзекуциите во 2024 година „неразбирливи и необјасниви“, осудувајќи ја „брзината“ со која биле извршени. ссм/

фото: архива

Остани поврзан