• недела, 22 декември 2024

Саудиска Арабија официјално се приклучи на БРИКС

Саудиска Арабија официјално се приклучи на БРИКС

Ријад, 2 јануари 2024 (МИА) - Саудиската државна телевизија денеска објави дека Саудиска Арабија официјално се приклучила на меѓувладината организација БРИКС. Саудискиот министер за надворешни работи во август изјави дека кралството ќе ги проучи деталите пред предложениот датум за пристапување на 1 јануари и ќе донесе „соодветна одлука“.

Принцот Фајсал бин Фархан рече дека групата БРИКС е „корисен и важен канал“ за зајакнување на економската соработка.

Досега БРИКС го сочинуваа Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, а на 1 јануари покрај Саудиска Арабија ќе му се приклучат и Обединетите Арапски Емирати, Египет, Иран и Етиопија. зш/

Остани поврзан