• сабота, 16 ноември 2024

Саудиска Арабија намени 2,5 милијарди долари за Зелената иницијатива

Саудиска Арабија намени 2,5 милијарди долари за Зелената иницијатива
Шарм Ел Шеик, 7 ноември 2022 (МИА) – Престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман денеска изјави дека саудиското кралство ќе учествува со 2,5 милијарди долари во блискоисточната Зелена иницијатива во следните 10 години и додаде дека неговата земја ќе биде седиштето на организацијата. Блискоисточната зелена иницијатива беше лансирана минатата година од самиот престолонаследник како дел од регионалните напори за намалување на емисиите на јаглерод во регионот. Саудиска Арабија минатата година соопшти дека има за цел да учествува со 15 отсто во регионалниот фонд од 10,4 милијарди долари потребни за проекти за чиста енергија. Принцот бин Салман, исто така, рече дека саудискиот кралски фонд за јавни инвестиции ќе се стреми да постигне нула емисии на CO2 до 2050 година. Блискоисточната Зелена иницијатива има за цел да ги намали емисиите на јаглерод од регионалното производство за повеќе од 60 проценти и планира да засади 50 милијарди дрвја низ Блискиот Исток и да обнови области од околу 200 милиони хектари деградирана земја. Оваа саудиска иницијатива треба да помогне да се намали глобалното ниво на јаглерод диоксид за 2,5 отсто. јт/

Остани поврзан