• среда, 20 ноември 2024

Саудиската активистка Лужеин ал Хатул ослободена

Саудиската активистка Лужеин ал Хатул ослободена
Ријад, 11 февруари 2021 (МИА) - Саудиската активистка за човекови права Лужеин ал Хатул е ослободена по скоро три години затвор, соопшти денеска нејзиното семејство. „Лужеин е ослободена“, напиша нејзината сестра Лина на Твитер, додавајќи дека активистката пристигнала дома. Лужеин ал Хатул (31) беше осудена на 29 декември на пет години и осум месеци затвор. Таа беше прогласена за виновна за „разни активности забранети со антитерористичкиот закон“. Саудиските медиуми објавија дека бил земен предвид периодот на нејзиниот притвор до судењето и дека дел од казната вклучува условна затворска казна. На Лужеин ал Хатул и беше забрането да ја напушта земјата во следните пет години. Активистката беше приведена пролетта 2018 година под сомнение за сторени кривични дела кои вклучуваат дејствија насочени кон промена на политичкиот систем поради кампањата за правата на жените и комуникација со странски новинари, дипломати и организации за човекови права. паг/  

Остани поврзан