Сасуоло го отпушти тренерот Диониси
- Италијанскиот фудбасли прволигаш Сасуоло го отпушти тренерот Алесио Диониси.

Реџо Емилија, 25 февруари 2024 (МИА) – Италијанскиот фудбасли прволигаш Сасуоло го отпушти тренерот Алесио Диониси.
За оваа одлука Сасуоло денес информира преку својата официјална веб-страница.
До крајот на сезоната тимот ќе го предводи тренерот на младинската екипа Емилијано Бигица.
Сауоло нема победа шест натпревари по ред и се наоѓа на 17. место во Серија А со 20 бодови.
Диониси беше шеф на стручниот штаб на Сасуоло од 2021 година. зс/
Фото: ЕПА