• сабота, 23 ноември 2024

Сасоли: Предлог-буџетот на ЕУ е неприфатлив за Европскиот парламент

Сасоли: Предлог-буџетот на ЕУ е неприфатлив за Европскиот парламент
Брисел, 20 февруари 2020 (МИА) - Предлог буџетот на Европската унија за периодот од 2021 до 2027 година, за кој се расправа денеска на вонреден самит на лидерите на ЕУ во Брисел, е неприфатлив за Европскиот парламент (ЕП), изјави претседателот на ЕП, Дејвид Сасоли на прес-конференција на маргините на состанокот на шефовите на држави и влади. - Тој предлог е неприфатлив, има сериозни кратења, рече Сасоли. Според него, предлог-буџетот вклучува „неефикасно финансирање“, што нема да ги реши проблемите на заедницата. - Има огромен јаз помеѓу нашите позиции, додаде Сасоли. Во Брисел се одржува итен самит на ЕУ за повеќегодишниот буџет на Унијата. Од 2021 година, буџетот на ЕУ ќе изгуби 11 милијарди евра годишни исплати како резултат на излегувањето на Велика Британија, која беше втора земја нето донатор по Германија. Лидерите на ЕУ треба да одлучат колку ќе се зголемат плаќањата на донаторите и колку ќе се намалат субвенциите на државите приматели на средства од ЕУ фондовите за периодот од 2021-2027 година. паг/

Остани поврзан