• сабота, 23 ноември 2024

Саразин: Косово е срцето на Европа и местото му е во Советот на Европа

Саразин: Косово е срцето на Европа и местото му е во Советот на Европа

Приштина, 14 мај 2022 (МИА) Спрецијалниот пратеник на Владата на Германија за Западен Балкан, Мануел Саразин вели дека неговата држава недвосмислено го поддржува Косово во намерата да се зачлени во Советот на Европа (СЕ), јави дописникот на МИА од Приштина.

Саразин, кој од вчера престојува во прва официјлна посета на Косово од преземањето на должноста во февруари годинава, на неговата страница на Твитер напиша дека ѝ ја пренел на шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала јасната поддршка на неговата Влада за зачленување на Косово во европската организација за човекови права и владеење на правото.

- Позицијата на Германија е јасна: Косово е срцето на Европа и неговото место е во Советот на Европа, напиша Сааразин.

На вчерашната прес-конференција заедно со Грвала, Саразин изјави дека Германија ја поддржува и визната либерализација за граѓаните на Косово и се труди да ги убеди тоа да го сторат и партнерите од Европска Унија.

Посетата на специјалниот германски пратеник за Западен Балкан доаѓа непосредно по аплицирањето на Косово за прием во СЕ.

Владата на Косово во четвртокот, на 12 мај, принципиелно ја усвои иницијативата за зачленување на државата во СЕ, а само неколку часови подоцна министерката за надворешни работи, Грвала, официјално ја предаде апликацијата во Стразбур.

Во СЕ членуваат 46 држави и за прием на нова членка потребни се гласовите на две третини од нив. Според медиумите во Приштина, надежите на косовските власти за прием во организацијата пораснаа по исклучувањето на Русија од неа. иа/ми/

Остани поврзан