Санчез: Најбогатиот човек на планетата ги напаѓа нашите институции
- -Меѓународната екстремна десница, на која со години и се спротивставуваме во Шпанија, предводена во овој случај од најбогатиот човек на планетата, отворено ги напаѓа нашите институции, сее омраза и отворено ги поддржува наследниците на нацизмот во Германија, рече Санчез во говор во Мадрид на настан по повод 50-годишнината од смртта на диктаторот Франциско Франко

Мадрид, 8 јануари 2025 (МИА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска го критикуваше милијардерот Илон Маск за неговите политички коментари без притоа да го спомене неговото име, јавија британските медиуми.
-Меѓународната екстремна десница, на која со години и се спротивставуваме во Шпанија, предводена во овој случај од најбогатиот човек на планетата, отворено ги напаѓа нашите институции, сее омраза и отворено ги поддржува наследниците на нацизмот во Германија, рече Санчез во говор во Мадрид на настан по повод 50-годишнината од смртта на диктаторот Франциско Франко.сд/
фото:МИА архива