• среда, 25 декември 2024

Санчез Мартинез ќе го суди дербито Барселона – Реал, Лапорта беше незадоволен од него во 2022 година и влезе во судиската соба

Санчез Мартинез ќе го суди дербито Барселона – Реал, Лапорта беше незадоволен од него  во 2022 година и влезе во судиската соба

Мадрид, 23 октомври 2023 (МИА) – Надлежните за делегирани судии во шпанската Ла Лига се одлучија кој ќе ја дели правдата на Ел Класико. 

Хозе Марија Санчез Мартинез ќе биде назначен главен судија за натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид на 28 октомври. Ова на Радио Марка го соопшти поранешниот судија Павел Фернандез.

- Лицето одговорно за спроведување на правилата следната сабота ќе биде Санчез Мартинез од Мурсија, рече Фернандез.

Претходно, Санчез Мартинез шест пати беше назначен за главен судија на Класикото, на овие натпревари екипите извојуваа по три победи.

Жоан Лапорта беше незадоволен од работата на овој судија на мечот против Реал Мадрид во октомври 2022 година. Тогаш претседателот на Барселона влезе во судиската соба за да добие објаснување за недосудениот пенал во корист на Барселона и досудениот пенал од 11 метри за Реал. Тој натпревар заврши со победа на Реал со резултат 3:1. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан