• среда, 25 декември 2024

Санчез е против употребата на поморските сили на ЕУ за заштита на бродовите во Црвеното Море

Санчез е против употребата на поморските сили на ЕУ за заштита на бродовите во Црвеното Море

Мадрид, 27 декември 2023 (МИА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека Шпанија се противи на употребата на поморските сили на Европската унија за заштитата на трговските бродови во Црвеното Море од нападите на јеменските Хути, но додаде дека Мадрид е подготвен да размисли за формирање нова мисија за решавање на проблемот.

-Ние сме подготвени и отворени да разгледаме таква операција, но не во рамките на поморските сили на Европската унија, рече Санчез, пренесен од британските медиуми.

Шпанскиот премиер додаде дека на сојузниците во НАТО и ЕУ им го пренел ставот на официјален Мадрид дека поморските сили на Европската унија не се погодни за дејствување во Црвеното Море.

Хутите, поддржани од Иран, кои контролираат голем дел од Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана, од октомври почнаа да ги напаѓаат трговските бродови во Црвеното Море за кои велат дека имаат врски со Израел или пловат кон Израел.

Тие велат дека ќе продолжат со нападите додека Израел не ја прекине копнената офанзива во Газа.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан