• вторник, 24 декември 2024

Санчез во самоизолација по неодамнешната средба со Макрон

Санчез во самоизолација по неодамнешната средба со Макрон
Мадрид, 17 декември 2020 (МИА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез ќе биде во самоизолација до 24 декември откако беше објавено дека претседателот на Франција, Емануел Макрон е позитивен на Ковид-19. Санчез и Макрон имаа средба во понеделникот во Париз, а денеска Елисејска палата соопшти дека Макрон е инфициран со новиот коронавирус. - Претседателот денеска е тестиран и е позитивен. ПЦР тестот беше направен откако пројави први симптоми, се наведува во соопштението од Елисејска палата. Макрон ќе биде во самоизолација следните седум дена. ми/

Остани поврзан