Сантош по поразот од Шпанија: Моравме повеќе да комбинираме
- Селекторот на португалската фудбалска репрезентација, Фернандо Сантош ги искажа своите впечатоците за натпреварот со Шпанија во натпреварот од Лигата на нации.

Брага, 28 септември 2022 (МИА) - Селекторот на португалската фудбалска репрезентација, Фернандо Сантош ги искажа своите впечатоците за натпреварот со Шпанија во натпреварот од Лигата на нации.
Шпанците синоќа во Брага победија со 1:0, стрелец на единствениот гол беше Алваро Мората во 88. минута.
- Тимот одигра многу добро во првото полувреме. Изгледавме добро и покрај тоа што Шпанците имаа поголем посед на топката. Но, моравме повеќе да комбинираме со топката за да го развлечеме противникот и да создадеме поголем притисок. Во првото полувреме создадовме неколку шанси, додека Шпанија не направи ништо, изјави Сантош.
Шпанците го освоија првото место во својата група и се пласираа во плеј-офот од Лигата на нации. зс/